Во Радичево се гради на две локации

13

Општина Василево, во населеното место Радичево, истовремено, на две локации, започна со градежни активности: изградба на улица и уредување на училишниот двор.

Увид во стартот на градежните активности изврши градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Должината на улицата што ќе се асфалтира изнесува 200 метри, а ширината варира во зависност од постојната состојба на теренот. Вкупнта површина која ќе се асфалтира изнесува 700 м2 . Изградбата на оваа улица е  планирана со Програмата за изградба, реконструкција,одржување на локални патишта и улици за 2022 година.

Изведувач на градежните работи е Бони интерградба, компанија која на објавената јавна набавка, достави најповолна понуда.

Вкупниот Буџет за изградба на оваа улица изнесува 1 038 225 денари и истиот е обезбеден од Буџетот на општина Василево.

Паралелно  се работи и на уредување на училишниот двор. Со бекатон плочки ќе биде уредена влезната партија во дворот, а дворот ќе добие и нова ограда. Средствата за оваа активност се обезбедени од Буџетот на училиштето. Со средства од општинскиот Буџет пак, со дсва рефлектори осветлен е просторот пред училиштето, со што овој простор станува  компактно уредено катче кое може да се користи и во вечерните часови.

8 17 18 19

2 10

20221009_203240_1024x576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail