Комунални активности во с. Седларци

5

„Изминатите денови, во населеното место Седларци,се изврши чистење на атмосферскиот канал ,од вегетација, наносите од кал и останатиот друг отпад ! Се изврши, расчистување на вегетацијата и гранките на патниот правец Ангелци-Седларци, заради подобрување на видливоста и безбедноста во сообраќајот . Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби. На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина. За поубаво Василево!“, напиша на својот ФБ профил,  www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со комуналната активност спроведена во населеното место Седларци и на потегот на патниот правец, Седларци -Ангелци. Акцијата е спроведена со ресурси на  ЈПКД „Турија“, Василево.

2 3 4 10 11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail