Дневен ред за петнаесетата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 31.10.2022 година (понеделник), со почеток во 10,00 часот, во просториите на спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ќе се одржи петнаесетата седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година (К1);
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2022 до 30.09. 2022 година (К2);
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година (К3);
  4. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за третото тромесечие за 2022 година од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година;
  5. Предлог-решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево и
  6. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Георги Георгиев од с. Нова Маала.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail