Божиќна честитка од Градоначалникот на општина Василево

sl 1_640x474

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, до своите сограѓани од православна вероисповед, упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ

 Почитувани сограѓани, верници, православни христијани

Од мое лично име и од име на општина Василево, по повод празникот Рождество Христово – Божиќ, Ви упатувам желби за добро здравје, слога и разбирање во семејството, благосостојба во вашите домови и мир и спокој во вашите души.

Во духот на овој голем празник, кој го слави Христовото раѓање да шириме надеж и  верба во животот, да споделуваме добра мисла, да делиме љубов и да бидеме поддршка и поттик за духовен развој на нашите блиски и нивните семејства.

Радосната вест за раѓањето Христово, нека ги исполни вашите души  и секој нов ден да ви биде ден на радост и благосостојба.

Мои сограѓани, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост и среќа.

Среќен Божиќ, Христос се роди.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail