Граѓаните на општина Василево да си го пријават имотот заради утврдување на данокот на имот за 2023

LOGO, Opstina Vasilevo

Општина Василево, објавува Јавна покана за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2023 година.

Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2023 година (образец ДИ), поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице), сопственик, корисник или плодоуживател на станбени објекти, административни згради и деловни простории кои служат за вршење на дејноста на обврзникот и сите други објекти во сите населени места  вклучувајќи ги и оние од ридско-планинските подрачја. Од 01.01.2008 година обврска за поднесување на даночна пријава за имот има и за оној имот кој досега бил ослободен од одредбите на досегашниот Закон.

ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОК НА ИМОТ СЕ:

Правни и физички лица, сопственици на имот;

Правни и физички лица, корисници на имот во случаи кога сопственикот не е познат или не е достапен;

Плодоуживател на имот, согласно Законот;

Ако имотот е сопственост на повеќе лица, секој од нив е сопственик на данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел;

Правни и физички лица кои дополнителнио се стекнале со имот во текот на претходни години, а не го пријавиле;

Имотот на кој настанале промени во вредноста (изградба, доградба, довршување, проширување),

НАПОМЕНА

Даночен обврзник кој поднел даночна пријава за данок на имот во 1994 година или во наредните години, а кај кого нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува даночна пријава;

За неподнесување даночна пројава, даночниот обврзник ќе се казни со парична казна согласно Законот за данок на имот;

Проверка на терен како и точноста на сите досега пријавени податоци ќе ги врши даночен инспектор .

Даночната пријава се поднесува во Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во општина Василево.

Јавна покана за поднесување даночна пријава

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail