Реновирањето на училиштето во Висока Маала, во зафршна фаза

naslov

Реновирањето на училишната зграда на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, кое започна пред десетина дена е во завршна фаза, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, задоволен од динамиката со која се одвиваат планираните активности, кои треба да резултираат со целосно функционален и опремен објект кој ќе обезбеди солидни услови за одвивање на наставата.

Средствата за овој проект кој опфаќа реконструкција на кровот, нови подови во училниците,  нови тоалети, клупи, столови, компјутер за секој ученик, нови печки за загревање на училниците, како и надворешно боење на фасадата се обезбедени од иселениците од Македонија во Турција и со финансиска помош од Советот на општина Василево.

Во овој објект учат учениците  од прво, второ и трето одделение, кои според информацијата од директорката на уччилиштето Соња Ничева, додека трае реновирањето, настава посетуваат во новата училишна зграда на влезот од населеното место во која  се одвива наставата за  учениците од четврто и пето одделение.  Во периодот на реновирање наставата се одвива во две смени.

1 2 3

4 5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail