Во Чанаклија започна да се гради улицата кон католичката црква

naslov

Денес во населеното место Чанаклија, започна изградбата на улицата  кон Католичката црквa, која е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2022 година.

На стартот на градежните активности присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, чиј став е дека изградбата на улици низ населените места на општина Василево ќе продолжи се додека и последната селска улица не биде асфалтирана, бидејќи добрата патна инфраструктура е основа за пристојни услови за живот на граѓаните.

Улицата е долга 137 метри , а широка околу 3,2 метри.

Буџетот за нејзина реализација, во износ од 648 057 е обезбеден од општинската каса.

Изведувач на градежните работи е компанијата Бони интерградба.

prva

IMG_20230209_153226_913_576x768 IMG_20230209_153305_781_576x768 IMG_20230209_153308_184_576x768 IMG_20230209_153315_811_576x768 IMG_20230209_153326_205_576x768 IMG_20230209_153335_365_576x768 IMG_20230209_153400_504_576x768

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail