Заврши реновирањето на училиштето во Висока Маала

1

„Со средства од Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği од Турција и обезбедените средства од општина Василево училиштето доби целосно нов изглед. Нашата мисија е да обезбедиме подобри услови за учениците . Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфати реконструкција на кровот, нови клупи, столови, нов под во училниците, нови училишни тоалети, нови печки за загревање на училниците“, напиша на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

На свечен начин, со сечење лента,  во  присуство на многу гости и  претставници од донаторот – Културно хуманитарното здружение на Македонците од Румелија, беше пуштено во работа реновираното подрачно училиште „Атанас Нивичански“ во Висока Маала. Присутните ги поздравија претседателот на Здружение на Македонците од Румелија, Аднан Шахинлер,   претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, Генералниот конзул на РСМакедонија во Истанбул, Актан Аго и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„Поединецот за да биде корисен за семејството и државата  потребно е да се образува. Огромна можност и предност е тоа што турските деца што учат во РМакедонија, учат на својот мајчин јазик“, рече генералниот конзул, притоа како во конкретниот случај,   потенцирајќи го значењето и потребата од помош и поддршка од невладините организации и граѓаните.

Задоволство од реализацијата на проектот изрази и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој потенцира дека големината на проектот е во тоа што се работи за децата, за нивната иднина, и дека проектот е реализиран благодарение на воспоставената соработка со партнерите од Р.Турција, која се темели пред се на искрено пријателство и коректни  партнерски односи.

Во овој објект настава посетуваат учениците од прво, второ и трето одделение, кои додека траеше реновирањето, учеа во две смени, заедно со учениците од четврто и пето одделение,  во училишниот објект  на влезот од населеното место.


1 2 3 4 5 6
8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail