Општина Василево започна со изградба на фекална канализација во с. Василево

DSC_0712_1024x681

Денес, во населното место Василево стартуваа активностите за изградба на фекален канализационен систем. На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изразувајќи задоволство од стартот изградбата,  проектот го оквалификува како историски момент.  „Во населеното место Василево се гради фекален канализационен систем. Ова е историски момент за Василево бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од населеното место Василево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Задоволството е огромно што денес сум токму овде на самото место каде што се реализира ова мое ветување. Задоволството е обострано –  и кај мене како градоначалник но и кај граѓаните на населеното место Василево бидејќи јас го исполнувам моето ветување а граѓаните на општина Василево и на населеното место Василево добиваат подобри услови за секојдневно функционирање. Повеќе нема да има излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“, порача во својата изјава градоначалникот Андонов, кој воедно најави и континуитет во овие активности во текот на неговиот мандат. „Но овде не застануваме, продолжуваме со реализација на фекална канализација и во населеното место Пиперево и во населеното место Ангелци. Мојата интенција е до крајот на  мојот мандат  во населеното место Василево да се изгради повеќе од 60 % од фекалната канализација. Со реализацијата на овој проект но и на сите останати проекти покажуваме дека наш интерес, наш приоритет се потребите на граѓаните“.

Должината на кракот во изградба е 753 метри и согласно Договорот со изведувачот ДПТУ Портланд, Буџетот за негова реализација изнесува 3 257 961 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

DSC_0676_1024x681 DSC_0681_1024x681 DSC_0691_1024x681 DSC_0701_1024x681 DSC_0707_1024x681 DSC_0716_1024x681 DSC_0720_1024x681

DSC_0717_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail