Општина Василево, дел од проектот „Енергетски ефикасен регион“

DSC_0855_1024x681

Денес, во Василево, во хотелот Мис Стон, во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, под мотото „Создаваме иднина“, беше промовиран партнерскиот проект „Енергетски ефикасен регион“, кој ќе се имплементира во општините партнери:  Радовиш, Василево и Конче.

„Искористувањето на обновливите видови на енергија е клучно за севкупниот развој на глобално ниво, а ние како општина насочена кон искористување на сите потенцијали во насока на развој и подобрување на условите во кои се одвива секојдневието на нашите сограѓани, во овој проект „Енергетски ефикасен регион“, гледаме шанса и можност за зголемување на квалитетот на животот“, истакна во своето поздравно обраќање градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. Искажувајќи задоволство за вклученоста и благодарност до вклучените страни: Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка, Центарот за развој на ЈИПР и општините Радовиш и Конче, Андонов нагласи дека со овој проект општина Василево заедно со партнерските општини на практичен начин, на дело ги спроведуваат  заложбите за енергетски ефикасен регион, со  производството на електрична енергија преку обновливи извори што воедно соодветствува со стратешките цели на општина Василево.

Главна цел на Проектот е создавање на енергетски ефикасен регион првенствено во делот на производството и употребата на електричната енергија преку обновливи извори на енергија.

Во рамки на проектот,  на крововите на ООУ„Крсте Петков – Мисирков“ и СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш ќе биде изградени фотоволтаични системи за производство на електрична енергија со искористување на сончевата, а ќе биде развиен и дигитализиран систем за управување со истата.  Добиената електрична енергија  ќе биде користена од страна на трите општини. За општина Василево тоа изнесува 25 % од произведената и ќе биде наменета за уличното осветлување.

На промотивниот настан присуствуваше и претставник од Министерсвото за локална самоуправа.

Промотивниот настан заврши со потпишување Договор помеѓу имплементаторот на проектот, Центарот за развој на ЈИПР и компанијата изведувач на планираните активности,  ПЦ Контрол Хардвер од Струмица.

Вкупниот Буџет на проектот изнесува 22 899 781 денари. Средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка преку Грантовата шема за инвестициски проекти со дигитална компонента на проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој – 2фаза“.

DSC_0835_1024x681

DSC_0849_1024x681 DSC_0868_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail