Општините Василево и Струмица потпишаа Договор за МОС – Промовиран Регионален центар за одржлив развој

DSC_0012_1024x681

Денес, градоначалниците на општините Василево и Струмица, Славе Андонов и Костадин Костадинов, на свечено организиран настан, потпишаа Договор за Меѓуопштинска соработка, во чии рамки беше отворен Регионален центар за одржлив развој на Струмица и Василево. Лоциран е  во Струмица во објектот на поранешната касарна и функционира како Регионална канцеларија во која младите претприемачи и земјоделци од двете општини ќе добиваат обуки, информации за користењето на фондовите, за  начинот на аплицирање како и можност за промоција на нивните бизниси со што ќе придонесат за сопствениот развој и развојот на регионот пошироко.

Изразувајќи задоволство од соработката со партнерите во проектот „Пост -КОВИД: општините како двигатели на одржливиот развој“ и од очекуваниот бенефит што  ќе го имаат граѓаните на двете општини градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во своето обраќање пред присутните го потенцираше значењето на користењето на современите дигитални  алатки кои преку новоотворениот Регионален центар им се овозможуваат на земјоделците и претприемачите во функција на развојот на нивните бизниси.

„Знаеме дека современиот начин на живеење бара современи алатки за унапредување на бизнисот. Дигитализацијата во сите сфери е наше секојдневие, затоа  секој кој сака да е конкурентен и  да  е успешен ќе мора максимално да ги користи придобивките на информатичкаат технологија. Оваа регионална канцеларија го нуди токму тоа. Активирана е и посебна веб страна,  www.regionalencentar.mk, на која заинтересираните граѓани и компании можат да креираат свој профил и бесплатно да го рекламираат сопствениот бизнис. На тој начин ќе се промовираат, ќе излезат од зоната на анонимност ќе станат познати и препознатливи. Со искористување на алатките на дигитализација младите претприемачи и земјоделци  ќе можат да ги зголемат нивните приходи а со тоа во перспектива, да се зголеми и развива локалната и регионалната економија“, нагласи градоначалникот Андонов.

Свои обраќања имаа и градоначалникот на општина Струмица,  Костадин Костадинов, директорот на БРР (Бирото за регионален развој) Рамиз Реџепи и претставникот од Програмата за развој на обединетите нации УНДП, Илмиасан Даути.

Вкупниот Буџет за реализација на планираните активности изнесува околу 4 000 000 денари.

DSC_0012_1024x681 DSC_0018_1024x681 DSC_0020_1024x681 DSC_0026_1024x681 DSC_0968_1024x681 DSC_0979_1024x681 DSC_0983_1024x681 DSC_0991_1024x681 DSC_0998_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail