Општина Василево со најголема реализација на капитални инвестиции во однос на планираното

капитални, реализација

„Најголема реализација на капитални инвестиции во однос на планираното во 2022 година од било кога во Општина Василево.

Општина Василево година и пол работи домаќински и отчетно пред граѓаните.
Завршната сметка за 2022 година е со рекордно голем процент на реализација во капитални инвестиции од планираното. 98.60% од планираните капитални трошоци се реализирани“, информираше преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по анализата  изготвена од страна на Одделението за финансиски прашања на општина Василево, според која реализацијата на капиталните инвестиции во изминатата 2022 година изнесува 98,60% во однос на планираното и е највисока досега.

„Василево се движи во правилна насока. И покрај тоа што затекнав неликвидна општина со долг од околу 100 милиони денари и блокирана сметка со соодветна реалокација на средства успеавме да реализираме голем број на капитални проекти.

Програмите и целите и понатаму ќе бидат во фокусот на реализација“, потенцира градоначалникот Андонов.

капитални, реализација

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail