Дечињата од детската градинка во Василево го одбележаа Денот на шегата

DSC_0943_1024x681

По повод 1-ви Април, Денот на шегата дечињата од детската градинка „Прва радост“ Василево, маскирани во пеперутки, принцези, буба мари, семафори, спајдермени и уште многу други ликови од нивните омилени сказни и цртани филмови, весело продефилираа низ улиците на Василево. Своите досетки и шеги ги споделија и со градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој ја поздрави веселата поворка.

„Дечињата се нашата иднина и затоа  средбите со нив, секогаш ми се едни од најдрагите“, изјави градоначалникот посакувајќи им убав и исполнет ден на своите најмали сограѓани.

DSC_0939_1024x681 DSC_0940_1024x681 DSC_0941_1024x681 DSC_0945_1024x681 DSC_0949_1024x681

1 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail