Градоначалникот на општина Василево, во Пиперево во чест на денешниот празник Св.Никола

DSC_0380_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на покана на црковниот одбор на црквата Св. Ѓорѓи од с. Пиперево, по повод денешниот празник Св. Никола, присуствуваше на црковен настан каде беше подготвен црковен ручек за сите жители од ова населено место.

Според информацијата од жителите на ова населено место, одбележувањето на денешниот ден, Св Никола на ваков начин е со долга традиција и се поврзува со обилни врнежи од град кои се случувале во минатото, во пролетниот  период од годината и ги  уништувале посевите.

Токму затоа, со надеж дека Св. Никола ќе им помогне, во негова чест и слава подготвуваат ручек  во црковниот двор и го делат на сите жители од селото.

Во знак на почит кон традицијата и верата, градоначалникот Андонов беше гостин на денешниот настан.

DSC_0330_1024x681 DSC_0333_1024x681 DSC_0343_1024x681 DSC_0350_1024x681 DSC_0357_1024x681 DSC_0362_1024x681

 

DSC_0371_1024x681 DSC_0396_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail