Oпштина Василево за првпат обезбеди парична помош од 2500 денари за секое прваче

VVV

Општина Василево, годнава за прв пат, обезбеди финасиски средства за секое прваче од Општината.  Средствата во износ од 2 500 денари ќе им бидат исплатени на трансакциска сметка на еден од родителите на првачето, по претходно доставено Барање до општината  комплетирано со неоходните документи, односно: Важечка лична карта на еден од родителите за увид, Извод од матична книга на родените за детето,  Потврда за запишан ученик во прво одделение издадена од основното училиште каде детето ја посетува наставата, Трансакциска сметка на име на родителот-барател/ка и Изјава за давање на лични податоци од барателот/ката.

Споделувајќи ја информацијата преку својот профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, потенцира дека со ваквата мерка, општината на практичен начин покажува грижа за најмалите учении и нивните родители.

„Се грижиме за младите семејства и преземаме мерки кои ги стимулираат најмладите, мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година. Во екот на енормните поскапувања кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој родител треба да одвои огромна сума на пари, како локална самоуправа одлучивме за првпат годинава да му олесниме на нашиот народ и овој за нив најсреќен ден, да остане запаметен како таков. Првиот училишен ден за секое прваче значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца.Тој мора така да се запамети но не по финасиски грижи . Рокот за пријавување трае до 20 Септември. Со домаќинско и одговорно работење се реализираат многу проекти за прв пат во нашата општина Влогот во најмладите е влог во иднината на Република Македонија“, напиша градоначалникот Андонов.

Крајниот рок за пријавување е 20.09.2023 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail