Асфалтирано платото пред Домот на културата во Нова Маала

DSC_0250_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов присуствуваше на асфалтирањето на платото пред Домот на културата во Нова Маала, како една од планираните активности во рамки на проектот  Партерно уредување на плато пред Домот на културата во Нова Маала, лоциран на  просторот во централното подрачје на ова населено место.

Со асфалтот како спој меѓу поставениот бекатон на платото и  главната улица  се формира естетски  уредена површина со  можности за одмор, релаксација и разонода на жителите од ова населено место.

Со веќе поставените летниковци, клупите за одмор како дел од урбаната опрема,  детските реквизити, фонтана за вода за пиење, соларните панели за осветлување, хортикултурното уредување и бекатонот се заокружуваат планираните активности  со што центарот на населеното место Нова Маала добива сосема нов лик и содржини за целото население.

Согласно Договорот со компанијата изведувач,  Буџетот за реализација на овој проект, кој се птостира на површина од 1582 м2  изнесува 4 354 339 денари, од кои 3.822.674 денари се обезбедени од  Бирото за регионален развој преку  Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, а остатокот се од општинскиот Буџет.

DSC_0083_1024x681 DSC_0091_1024x681

DSC_0220_1024x681 DSC_0232_1024x681 DSC_0238_1024x681 DSC_0241_1024x681 DSC_0243_1024x681 DSC_0249_1024x681

DSC_0231_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail