Спроведени активности на расчистување на локалниот пат Едрениково-Требичино по повод Петковден

za naslov

Општина Василево во соработка со ЈПКД  „Турија“, по повод утрешниот празник Петковден, спроведе активности на расчистување и уредување на  просторот покрај локаниот пат што води кон населеното место Требичино  и манастирот Св. Петка.

Со механизација отстранети се земјените наноси, грмушките и вегетацијата со што се подобрени условите на овој локален пат кој ќе биде особено фреквентен вечерва и во текот на утрешниот ден, кога манастирот Св. Петка е масовно посетен не само од жителите на околните места туку и од регинот и населените места ширум државата.

Како што информира градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, и годинава, почитувајќи ги потребите на граѓаните, општина Василево во соработка со ЈПКД Турија, интервенираше оптимизирајќи ги условите  на патот и просторот за паркирање, за утрешното  одбележување на овој голем Христијански празник.

received_220918764202645_375x768 received_298137076392591_375x768 received_864088408609678_375x768 received_1015278676386101_375x768 received_1316768022537029_375x768 received_1387185482149404_375x768 received_1844734996015347_375x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail