Исплатени средствата за еднократна парична помош за првачињата

Naslov

Општина Василево, на сметките на родителите/старателите на првачињата запишани во основните училиште во Василево ги уплати средствата кои како еднократна парична помош ги обезбеди од сопствениот Буџет. Станува збор за средства во висина од по 2 500 денари за секое прваче од општина Василево кое е запишано во учебната 2023/2024 во општинските училишта, за што општината на почетокот на месец септември распиша Јавен повик, http://opstinavasilevo.gov.mk/?p=14410.

Вкупно,  до општината, беа доставени 61 барање и исто толку одобрени и исплатени.

Веста за целосната исплата на средстввата, преку својата ФБ страна, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. „На сметките на родителите/старателите на првачињата запишани во основните училишта во општина Василево целосно е исплатена еднократната парична поддршка . По прибирањето на податоците од сите училишта заврши административната проверка и обработка со што сите средствата се на располагање на нивните трансакциски сметки.  Продолжуваме посветено! Инвестирањето во децата е инвестирање во нашата иднина“, напиша градоначалникот Андонов.

398857522_357615719993146_1919838991768921537_n_576x768 398964442_357615606659824_3648933611608128358_n_1024x683

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail