Општина Василево обезбеди средства за тампонирање на патот во месноста Орман во Ангелци

naslov

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и директорот на Центарот за развој на ЈИПР Ѓоко Камчев потпишаа Договор  за партнерство во реализација на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“ со кој општина Василево обезбеди средства за тампонирање на пат во населеното место Ангелци, во месноста Орман. Патот води кон земјоделското земјиште и е на излезот на с. Ангелци кон Струмица.

Должината на патот изнесува,1100 метри, ширината 3,0 метри, и ќе биде посипан со 660 м3 чакал вкупно.

Средствата во висина од 825.882   денари општина Василево ги обезбеди во партнерство со Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Санацијата на овој пат е од големо значење бидејќи подобрувањето на состојбата на полските патишта најдиректно влијае на пристапот до обрабнотливите површини и на земјоделците им го олеснува транспортот на земјоделските производи до откупните пунктови.

Со санација на овој пат  се подобрува и комуникацијата меѓу населените места од регионот.

Реализацијата на планираните активности на терен ќе биде наредната година.

FB_IMG_1703513598340_1024x683

20231225_144921_1024x576

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail