Советот на општина Василево едногласно го донесе Буџетот за 2024 година

naslov

Советот на општина Василево на вчера одржаната Седница, последна за оваа календарска 2023 година, едногласно го усвои предложениот Буџет за 2024 година, тежок 191 316 250 денари.

Според образложението за структурата на Буџењтот, дадено од одговорниот службеник во одделението за финасии, основниот буџет изнесува 679 900 000 денари, дотациите за основното образование и градинката 111 718 000 денари, за самофинансирачките активности 11 609 500 денари од кои од донации се планирани 88 750 денари. Во расходниот дел кај основниот Буџет за капитални расходи планирани се 32 570 000 денари и за тековно оперативни расходи 35 300 000 денари. Сите овие расходи се распределени по Програми, каде се опфатени тековните трошоци  на општина Василево и капиталните трошоци.

Образложение даде и Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој како што нагласи Буџетот за 2024 година е развоен: „ Околу 32 000 000 се за капитални инвестиции, тоа всушност значи 50% од основниот Буџет е за капитални инвестиции, кое не е малку, па можам да кажам дека овој Буџет е развоен во смисла на реализација на капитални проекти а со тоа и решавање на проблемите на граѓаните; рече во образложението, Градоначалникот, притоа како поголеми планирани проекти издвојувајќи ги:  канализацијата во Василево, во Ангелци изградба на последниот крак, исплата на последниот крак од канализацијата во Пиперево кој тековно се гради, потоа улици и патишта во речиси сите населени места, реконструкција на игралиштето во Владевци и Радичево, повеќенаменско во  Висока Маала  и како помали, партерно уредување во Градашорци, детско игралиште во Пиперево, фитнес зона во Василево.„ Сметам дека со сите тие капитални проекти ќе имаме 100% реализација на мојата предизборна Програма. Сметам дека домаќински ја водам општината, Долгот опаѓа, нема населено место каде што немаме реализација барем на еден капитален проект, а идната година и повеќе од два“, нагласи градоначалникот Андонов во образложението дадено пред Советниците.

На седницата, едногласно беа усвоени и:  Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година; Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на Бодот на платите на административните службеници за 2024 година; Буџетскиот календар за 2024 година; Предлог-одлуката за утврдување на критериумите за распределба на блок дотација за основното образование за 2024 година; Предлог-одлуката за донесување на Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи  на м.в Гладно поле, КО Градашорци-вон град и КО Василево – вон град, општина Василево; Предлог-програмата за работа со областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Василево за 2024 година; Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година; Предлог-одлуката за прифаќање на донација; Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2024 година; Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈПКД „Турија“, Василево; Барањето за финансиски средства поднесено од Ванчо Георгиев од Василево; Барањето за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб К1 Арена Рашо Струмица; Барањето за финансиски средства поднесено од Маја Димитрова од Василево; Барањето за финансиски средства поднесено од Аргир Стоев  од Штука; Барањето за спонзорство поднесено од Организацискиот одбор на Католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала; Барањето за спонзорство, поднесено од Месна заедница, Пиперево, како и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2024 година, која како дополнителна точка беше вклучена во дневниот ред на оваа седница.

На седницата мнозинство добија и: Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2024 година; Предлог-одлука за отстапување на објект детска градинка „Прва радост“, клон „Златно славејче“, Моноспитово на општина Босилово и барање за надоместок за штета од елементарна непогода поднесено од Ристо Михаилов од Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail