Се тампонира полски пат во населеното место Ангелци

naslov

Денес, општина Василево започна активност на тампонирање на полски пат во населеното место Ангелци, во месноста Орман.

Патот е со должина од 1100 метри, ширина  од 3,0 метри, и согласно Договорот за негова реализација ќе  биде посипан со 660 м3 чакал.
Реализацијата на оваа активност е во партнерство со Центарот за развој на ЈИПР. Имено општина Василево,  средствата во висина од 825.882   денари ги обезбеди во партнерство со Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Санацијата на овој пат е од големо значење бидејќи подобрувањето на состојбата на полските патишта најдиректно влијае на пристапот до обрабнотливите површини и на земјоделците им го олеснува транспортот на земјоделските производи до откупните пунктови. Со санација на овој пат  се подобрува и комуникацијата меѓу населените места од регионот.
Увид во текот нма активностите изврши градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

2_576x768 3_576x768 4_355x768 5_355x768 6_355x768 7_355x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail