Бискупот Киро Стојанов ја посети општина Василево

DSC_0074

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов денес беше домаќин на Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов. На средбата во кабинетот, според информации од градоначалникот Стојанов се разговарало за соработката што општина Василево ја има пред се со жителите од населените места Нова Маала и Чанаклија – припадници на католичката вероисповед.
Монсињор Стојанов изразил благодарност за поддршката и помошта што општина Василево ја дала при легализирањето на црковните објекти во овие две населени места.
Во знак на благодарност за успешната соработка бискупот д-р Киро Стојанов на својот домаќин му подари Библија, а градоначалникот Стојанов својата благодарност за укажаната чест и како што рече за сеќавање од оваа посета, на гостинот му подари плакета – грбот на општина Василево.

DSC_0067

DSC_0073

DSC_0084

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail