Општина Василево потпиша договор за изградба на игралиште во с. Дукатино

DSC_0242

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставникот на градежната компанија „Жикол“ потпишаа договор за изградба на повеќенаменско игралиште во с. Дукатино. Според договорот вредноста на оваа инвестиција изнесува 3 100 000 денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Игралиштето ќе биде со стандардни димензии, оградено, осветлено и  опремено со реквизити и опрема за повеќе спортови. Вљубениците во спортот овде ќе може да играат кошарка, ракомет и фудбал. Осветлувањето ќе овозможи спортување и во ноќните часови кое во последните години е доста популарно посебно кај помладите.

„Освен вложувањата во комуналната и патната инфраструктура општина Василево  посветува посебно внимание и на вложувањата во спортската инфраструктура, односно стварањето услови за спортување и рекреирање. Тоа го правиме во континуитет  и преку поддршка на сите спортски манифестации што се одржуваат на територијата на општина Василево. И понатаму општина Василево, сама и во соработка со Агенцијата за млади и спорт,  ќе продолжи да гради спортски комплекси со цел подобрување на условите во оваа сфера“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по потпишувањето на договорот за изградба на  игралиштето.

Според градоначалникот Стојанов, најголемо е задоволството коге ќе се види дека еден објект се употребува за таа намена за која е направен, односно дека  изградбата  и вложувањето во спортските објекти веќе дава резултати кои се гледаат  преку постигнувањата на екипи и поединци кои се натпреваруваат во повеќе категории во повеќе спортови.

Повеќенаменското игралиште во с.Дукатино треба да биде изградено за околу три месеци.

DSC_0239

DSC_0246

DSC_0260

DSC_0242

DSC_0232

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail