Успешно реализирана крводарителска акција

dsc_1252

Денес во просториите на Домот на културата во Василево во организација на  Општинската организација на Црвен крст – Струмица и Општина Василево, успешно беше реализирана акција на доброволно дарување на крв.

„Општина Василево е препознатлива по хуманитарните акциии. Оваа крводарителска акција е само една од многуте кои општината во соработка со Црвениот крст редовно ги организира во последните осум години“, изјави координаторот на денешната акција Александар Ристов и самиот повеќекратен крводарител. Вработените во општината, во ЈПКД „Турија“ и во основните училишта, во оваа како и во сите претходните крводарителски акции активно се вклучија, покажувајќи ја својата хуманост на дело.

Вкупниот број на собрани крвни единици во денешната акција беше околу дваесет, бројка која според медицинскиот тим е солидна и показател за успешноста на  акцијата.

Во Василево, крводарителски акции се организираат на секои четири месеци, што им дава можност на сите граѓани чија здравствена состојба го дозволува тоа, да даруваат крв и да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

dsc_1212

dsc_1234

dsc_1248

dsc_1243

dsc_1195

dsc_1222

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail