Интензивен градежен викенд во општина Василево – асфалтирани две улици

dsc_1330

Во деновите на викендот, сабота и недела, во општина Василево финализирани беа две  активности, односно се  асфалтираа по една улица во населените места Седларци и Василево. Во Седларци асфалтирана е централната улица која селото го дели на два дела и кон која гравитираат повеќето од граѓаните, а во Василево асфалтирана е улицата за пристап до регионалниот пат Василево –Струмица.

Финалните активности ги следеше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој рече дека во Седларци одлуката во врска со изборот на улица што ќе се асфалтира е донесена на средба со граѓани и дека ова е всушност избор на жителите на ва населено место.

„На повеќето средби со граѓаните на населеното место Седларци беше истакната потребата за асфалтирање на централната улица, по што општина Василево предлогот го внесе во својата Програма за 2016 година  а Советот истата ја усвои. Реализацијата на овој проект има големо значење“- изјави Стојанов.

Должината на улицата е околу 500 метри, а заради условите на теренот изграден е и осум метарски воден пропуст.  Средствата во висина од околу 2 000 000 денари се обезбедени од  Буџетот на општина Василево. Изведувач на градежните работи е градежната компанија „Жикол“  од Струмица.

Викендот, односно во недела, 18.09.2016 година се асфалтираше и улица во Василево за пристап до регионалниот пат Василево –Струмица. Должината на оваа улица е околу 115 метри, ширината 5 метри, а средствата во висина од околу 550 000 денари се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на градежните работи и за оваа улица е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

За наредниот период градоначалникот Стојанов најави реализација на уште како што рече „многу нови проекти“,  во сите населени места на општина Василево.

dsc_1298

dsc_1299

dsc_1302

dsc_1303

dsc_1313

dsc_1320

dsc_1324

dsc_1326

dsc_1335

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail