Општината го уредува игралиштето во с. Пиперево

dsc_1382

Механизација ангажирана од Општина Василево деновиве врши санација и уредување на фудбалскиот терен во с. Пиперево, каде наредната недела ФК „Единство“ ќе го одигра првиот натпревар во рамките на натпреварувањата од општинската фудбалска лига. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, теренот ќе биде комплетно саниран, поради што е ангажирана механизацијата на градежната фирмата  „Џови – компани“ “ со кои општината има склучено договор токму за таков вид на активности односно санации и реконструкции. „Спортот и спортските активности во континуитет во сите изминати години ја имаат мојата и поддршката на локалната самоуправа. Оваа активност на оспособување на фудбалскиот терен во Пиперево е токму во таа насока. Спортската инфраструктура е од големо значење како за развојот на спортот така и за постигнување на резултати и успеси – рече градоначалникот на општина Василево кој во Пиперево ги следеше активностите на санација на теренот.

Стојанов им посака успех на фудбалерите на ФК „Единство“ во натпреварите кои ќе следуваат.

dsc_1377

dsc_1361

dsc_1362

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail