Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево

van4o-stojanov1

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, на своите сограѓани – припадници на православната вероисповед, по повод големиот Христијански празник Рождество Христово – Божиќ им упати честитка со желби за добро здравје, среќа, спокојство и духовен мир.

Почитувани сограѓани, припадници на Православната вероисповед! Во деновите кога го славиме еден од најголемите Христијански празници, кога го одбележуваме раѓањето на нашиот спасител и син божји Исус Христос, искрено, од се срце, со чиста душа и отворен ум да се свртиме кон своите ближни, и во светлината на големиот празник да подариме топлина, љубов и разбирање. Одбележувањето на Христовото раѓање нека биде само поттик и причина повеќе, во духот на Христијанството, со верба во Бога, почитувајќи се едни со други да ја споделиме радоста на животот, и заедно со нашите најблиски, со семејството, пријателите, соседите да си посакаме мирно и спокојно секојдневие. Почитувани сограѓани! Добро здравје, духовен мир и меѓусебно разбирање нека царува во Вашите домови и срца. Христос се роди! Честит Божиќ!

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail