Донесен Буџетот на општина Василево за наредната 2017 година

dsc_0012

На денешната редовна 49-та Седница, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2017 година кој изнесува вкупно 224 010 000 денари. Основниот Буџет пак изнесува 130 900 000 денари. Образложение за Буџетот даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.  Советниците од СДСМ и НСДП  по овој предлог гласаа воздржано. Воздржано гласаа и за Финансиските планови на детската градинка и  двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ , Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ и Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2017 г.

На оваа седница Советот ги усвои и предложените програми за работа на општинските инспектори за: образование, за даноци и такси, градежниот инспектор  и инспекторот  за комунални работи за наредната 2017 година. Со одлука на Совет на денешната седница, на ЈПКД „Турија“ од Василево  на користење и управување му е пренесен водоснабдителниот систем за с. Требичино.

Советниците донесоа и три одлуки за доделување финансиска помош на тројца граѓани од општина Василево.

dsc_0013

dsc_0002

dsc_0004

dsc_0009

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail