Рекордна наплата на данокот на имот во последните пет години

DSCN5400

Крајот на календарската 2014 година, општина Василево во однос на состојбата со наплатата на данокот на имот го заврши успешно со процент на наплата од  речиси 150% – кумулативно“, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во денешната изјава за медиумите.

Во последните пет години, односно од 2009 година до 2014 година,  периодот за кој е направена анализата, бројките покажуваат дека на крајот од 2014 година побарувањата што општина Василево ги има од граѓаните по основ на данок на имот се на најниско ниво.

Почетокот на 2009 година општина Василево го започнала со над 7 200 000 денари побарувања од граѓаните по основ на данок на имот, за да на крајот на 2014 година побарувањата по овој основ се сведени на околу 2 200 000 денари.

DSCN5394

„Особено важно е што општина Василево во континуитет во изминатите години бележи зголемување на приходите прибрани од данокот на имот. Ова се должи пред се на фактот дека ние како локална самоуправа постојано на сите средби со граѓаните им укажуваме на потребата и корисноста од навремено регулирање на оваа граѓанска должност, односно континуирано  работиме  на подигање на свеста на граѓаните за обврската за плаќањето на данокот на имот укажувајќи им дека овие средства,  општината повторно ги враќа во населените места во вид на проекти и активности со кои се подобрува секојдневието на населението“, образложи градоначалникот Стојанов и уште еднаш преку медиумите упати апел до своите сограѓани – даночни обврзници, да продолжат со редовно подмирување на оваа обврска.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail