Средба на проектните тимови на општините Василево и Струмјани

4

Проектните тимови на општините Василево и  Струмјани (Р.Бугарија) одржаа работна средба за проектот „Инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност“, што заеднички го имплементираат во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија, 2014-2020. Според информацијата од проектните тимови тема на состанокот биле активностите кои во мометот се одвиваат како и план за реализација на преостанатите активности со што целосно би бил имплементиран проектот од двете страни на границата односно  во општина Василево и во општина Струмјани.

Со овој проект во општина Василево опфатено е училиштето во с. Седларци на кое со низа активности  како што се замена на  прозорците и вратите со нови,  поставување на термичка  фасада, фотоволтаични панели, централно  топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода,  подобрена му е енергетската ефикасност. Во општина Струмјани, во населеното место Микрево поставени се енергетски ефикасни светилки за  улично осветлување.

Буџетот на овој проект изнесува околу 60 000 евра.

На состанокот на проектните тимова учествуваа и првите луѓе на двете партнерски општини, градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев и градоначалникот на општин Струмјани, Емил Илиев.

 4

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail