Општина Василево гради две улици во Градошорци

2_1024x768

Две нови улици се во фаза на изградба  во насленото место Градошорци. Едната во должина од 200 метри и другата малку пократка во должина од 150 метри. Просечната ширина на улиците изнесува по околу 3,5 метри или изразено во метри квадратни површината на двете улици е 1 300 м2.  Што се однесува до локацијата едната е во т.н Чифлик Маало, а другата на влезот во селото од десната страна. И двете улици ќе се градат со бехатонски елементи. Изведувач на работите е  градежната компанија Пешо Инженеринг.

Вкупниот износ на инвестицијата за двете улици, изнесува  околу 1 500 000 денари, средства кои општината ги обезбеди од сопствениот Буџет.

„Деновиве работиме на изградба на две улици во населеното место Градошорци, од кои едната е во завршна фаза. Изградбата на овие две улици е само продолжение на ваквите активности кои започнаа во населеното место Сушево каде веќе изградивме две улици во должина од 220 метри“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, при неговата денешна посета на терен.

„Имајќи ја во предвид моменталната состојба на локалните улици и патишта низ населените места, локалната патна инфраструктура уште долго време ќе биде на агендата односно на приоритетната листа на  општина Василево. И покрај  лошата финансиска состојба во која се наоѓа општина Василево, ние како локална самоуправа мораме да балансираме; ем да ги враќаме долговите по основа на кредити и долгови кон приватните фирми кои биле изведувачи на одредени активности низ населените места, ем да сработиме нешто во корист на своите граѓани“, изјави градоначалникот Јанев.

Градежната сезона во општина Василево е во полн ек. Во прилог на ова е и информацијата дека во завршна фаза е и улицата што се гради во населеното мести Василево,  од поштата до повеќенаменско игралиште во должина од 290 метри, која е со атмосферска канализација, пешачки патеки од двете страни и ново улично осветлување со канделабри.

Во наредните денови, во континуитет, компанијата Пешо Инженеринг ќе продолжи со изградба на уште една улица во населеното место Пиперево во должина од 300 метри каде претходно општината во соработка со ЈПКД „Турија“,  Василево изврши проширување на кракот на фекалната канализациона мрежа.

„Максимално ќе го искористиме периодот што следува за реализација на се она што го имаме планирано во сферата на изградбата на локалната патна инфраструктура, бидејќи таа е еден од битните предуслови за подобрување на животот на нашите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

1_1024x768

2_1024x768

3_1024x768

5_1024x768

6_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail