Во Василево заврши Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал

Hridam

Екипата на Хридам од Добрашинци се победници  на Новогодишно-Божиќниот  турнир во мал фудбал во Василево , кој под покровителство на градоначалникот и општината  традиционално се одржува по повод Новогодишно-Божиќните прзници. Во  финалето  тие  беа поуспешни,  ја победија екипата на Јован Петрол од Радовиш и се закитија со  победничкиот пехар и  главната награда од 100 000 денари.

Јован Петрол како второпласирани добија 60 000 денари. Третото место и наградата во износ од 30 000 денари и припадна на екипата  Серта од Конче. Тие во натпреварот за третото место   ја совладаа екипата  на ТВ каналот ВИС од Струмица кои пак добија утешна награда во износ од 10 000 денари.

Наградата на најдобрите им ја додели градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој изјави дека и во иднина ќе ги поддржува ваквите спортски настани и манифестации бидејќи тие претставуват продолжување на одредени традиции и меѓусебно дружење на граѓаните и афирмација на општина Василево пошироко во регионот.

Традиционално  беа доделени награди и за најдобар играч и најдобар голман.

На годинешниот Новогодишно-Божиќен турнир учествуваа вкупно 20 екипи од Југоисточниот регион.

ekipa

Hridam

jovan petrol

posledna

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail