Градежни активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

наслов

Општина Василево деновиве изведува градежни активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала, поточно на последниот неасфалтиран дел од овој локален патен кој ги поврзува  овие две  населени места.

Должината на делницата на која се работи изнесува 1 700 метри  и како што информираше градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев, со ова  комплетно ќе заврши асфалтирањето на овој четири километарски локален пат а со тоа и поврзувањето со асфалт на жителите од Чанаклија и Нова Маала. „Изградбата на патот беше пролонгирана заради избор на нов изведувач односно градежна компанија“,  појасни градоначалникот Јанев во врска со причината поради која оваа активност, за која средствата беа обезбедени и чија реализација беше планирана за минатата година, се реализира годинава.

Вкупниот буџет  изнесува околу 15 000 000 денари и истите се обезбедени од АФПЗРР.

прва

втора

трета

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail