Асфалтирана улица во индустриската зона во Василево

наслов

Со околу 5.150.000 денари обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на ЈИПР, општина Василево изгради улица во индустриската зона.
Улицата се протега помеѓу објектите на Тритерол и Евромак и е со должина од 231 метар и ширина од 6 метри, тротоари од двете страни на улицата и атмосферска канализација.

До целосна изградба на улицата останува  да се постави бекатонот на тротоарите.

Истата е асфалтирана во два слоја асфалт со дебелина од 15 см.

Градоначалникот на општина Василево, кој денес присуствуваше на асфалтирањето на улицата,  нагласи дека со нејзината изградба директно ќе се подобрат условите за работа на постојните стопански субјекти и генерално во перспектива ќе се створи подобра клима за стопанисување и економски развој на општината.

6

2

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail