Советот на општина Василево ја одржа 34-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 34-та редовна седница на која беа разгледани и донесени повеќе одлуки, решенија, извештаи, планови и други акти од делокругот на активностите и надлежностите на локалната самоуправа.

Советниците ги усвоија извештаите за работа на општина Василево за првиот и вториот квартал од годината односно Квартален извештај за извршување на Буџетот (К-1), Квартален извештај  за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето (К-3) за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 и за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020. Според образложението дадено од административниот службеник од одделението за финансии во општина Василево,  Соња Иванова, на крајот од првиот  пресметковен период (01.01.2020 до 31.03.2020), реализацијата кај консолидираниот Буџет  (Буџетот кој ги вклучува и единките корисници односно основните општински училишта и детската градинка) реализацијата е 18%, а кај основниот Буџет на општината реализацијата е 15%. Реализацијата кај блок дотациите е 23%, кај самофинансирачките 13% , а кај донациите 44%. Во делот на кредити општината има обврска по основ на доспеана рата која изнесува 1 678 123 денари и каматата од 760 денари.

Што се однесува до вториот пресметковен период, 01.01.2020 до 30.06.2020, реализацијата кај консолидираниот  буџет е 36%, а кај основниот,  (Буџетот на општина Василево без Буџетите на единките корисници),  реализацијата е 27%. Кај блок дотациите реализацијата е 49%, кај самофинансирачките 22% , а кај донациите 94%. Во делот на кредити состојбата е иста како и во првиот пресметковен период, односно останува обврската за плаќање на една доспеана рата чиј износ е  1 678 123 денари и каматата од 760 денари.

На седницата беа усвоени и годишните планови за вработување за 2021 година на општина Василево, на ЈПКД „Турија“, Василево  и на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Дел од обемниот дневен ред на денешната седница беа и Годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Завршната сметка за 2019 година на ООУ „Атанас Нивичански“ и Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2019  година, кои го добија потребното мнозинство. Советниците ја прифатија и иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на ниво на регион.

Позитивно мислење добија и Предлог-одлуките за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти на К.П бр. 555 во КО Нова Маала.

Со одлука на Советот, ЈПКД „Турија Василево ги доби во сопственост возилото за собирање и транспорт на смет кое неодамна општина Василево го обезбеди и системот за фекална канализација и прочистителната станица во с. Едрениково. Како дополнување на денешниот дневен ред беа Предлог-одлуката за доставување на предлог-проект за изработка на техничка документација „Основен проект за изградба на затворен базент“ и Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМакедонија на подрачјето на општина Василево за 2020 година. И овие два предлози го добија потребното мнозинство.

 На денешната редовна 34-та седница, позитивно мислење добија и неколку барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица.

DSC_0222_1280x851

DSC_0215_1280x851

DSC_0218_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail