Советот го донесе Буџетот за 2021 година

naslov

На последниот ден од годината што изминува, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2021, тежок 162 882  000 денари. Ова е вкупниот Буџет во кој се вкалкулирани и Буџетите на единките корисници односно Буџетите на двете основни општински училишта: ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и  детската градинка „Прва радост“, Василево. Основниот Буџет на општинат изнесува 83 420 000 денари.

Советниците од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ  се изјаснија дека предложениот Буџет е  нереален и неостварилив  поради што ќе гласаат против. Буџетот беше донесен со 8 гласа „за“ и 4  „против“.  Во врска со Буџетот Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев рече дека Буџетот за 2021 година е реален и остварлив, направен врз основа на потребите на граѓаните.

На денешната последна во оваа календарска година, седница,  донесена беше и Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2021 година како и Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2021 година, а позитивен одговор доби и Барањето за финансиска помош поднесено од Црковниот одбор  на црквата „Успение на пресвета Богородица“ од с. Нова Маала.

 1 2 3 4 5 6

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail