Author Archives: opstinaadmin

Второ прскање против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион

prskawe-komarci-1

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од десетте општини на регионот дека на 25 и 26 јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

На  25.07.2022 (понеделник), во општините Струмица и Гевгелија;

На 26.07.2022 (вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Одбележан 19-ти јули, настан од поблиската историја во нашата општина

naslov

Денес, во организација на општина Василево и соработка со општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, беше одбележана 81-та годишнинаа од средбата меѓу  младите од Струмица и Радовиш која се случила на денешен ден во 1941-ва година а  на која биле поставени  основите на нивната идна  заедничката револуционерна соработка.

За настанот беше прочитан реферат, по што делегации од општина Василево и  општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, во знак на почит кон учесниците во средбата положија свежо цвеќе пред спомен плочата кој сведочи за настанот.

1

DSC_0604_1024x681 DSC_0612_1024x681 DSC_0615_1024x681 DSC_0620_1024x681

DSC_0627_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Пиперево , започна меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче

1

„Започна меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево. Турнирот традиционално,  финансиски е подржан од општина Василево.  За најмладите фудбалери се поделија маици со логото на општина Василево. Граѓаните на општина Василево ќе уживаат во фудбалските мајстории на учесниците на овој турнир“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој присуствуваше на стартот на годинешниот Меморијален туррнир во мал фудбал Ч’крче, кој традиционално се организира во спомен на младиот Славе Стојанов од с. Пиперево и започнува на верскиот празник Петровден.

Општина Василево и годинава, финансиски го поддржа ордржувањето на турнирот, помагајќи на тој начин да продолжи  традицијата и да се негува споменот за младиот Стојанов од с. Пиперево.

Градоначалникот Андонов на учесниците им посака успех а на публиката, како што рече, уживање во фудбалските мајстории  кои нивните миленици ќе ги покажат на теренот.

2 3 4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион

prskawe-komarci-1

Почитувани,

Ве известуваме дека  на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци во општините од Југоисточниот регион согласно следниот распоред:

На 12.07.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;

На 13.07.2022 (Среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

Целосниот текст е објавен на веб страната на Центарот на следниот линк: https://bit.ly/prskanjeprotivkomarci.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ги донесе урбанистичките планови за Владевци, Ангелци и Градашорци

8

Вчера,  Советот на општина Василево, на седница, ги усвои Урбанистичките планови за населените места Владиевци, Ангелци и Градашорци, сите за периодот 2018-2028 г.

Површината опфатена во планскиот опфат за с. Владевци изнесува 38,85 ха, за с. Ангелци, 40,67 ха и за с. Градашорци 103,49 ха. Образложение даде градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој нагласи дека урбанизацијата значи плански развој на населените места од кој бенефит ќе имаат и општината и граѓаните на населените места, кои ќе можат да ги направат оформување на сопствените парцели и на тој начин да си ја зголемат вредноста на сопствениот имот.

Градоначалникот Андонов, образложрение даде и за утврдувањето на приоритен проект  со кој општина Василево ќе аплицира во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2022 година, а тоа е изградба на пристапен пат за пристап до земјоделско земјиште , крак 3, во с. Василево, за кој   советниците едногласно ја дадоа својата поддршка. Според образложението, изградбата на овој крак од патот, познат како „широк пат“, е од витално значење бидејќи може да го користат и жителите на Добрашинци и Нова Маала за поврзување со Василево.

Усвоени беа и Предлог-одлуката за проширување на средства на Буџетот на општина Василево за 2022 година и Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година – и двете за Програмата Основно образование.

Советниците ја усвоија и Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година, за која како што образложи градоначалникот Андонов е усогласување со Ребалансот на Буџетот на општина Василево, кој беше донесен на претходната седница и за истата во текот на наредната недела ќе биде распишана јавна набавка.

Усвоени се и измените во Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води, кои се однесуваат на зголемување на износот на средства планирани за изградба на крак од фекална канализација во с. Василево.

Советниците, едногласно го одобрија и Барањето за градежни материјали поднесено од Црковниот одбор на црквата Св. Никола од с. Градашорци.

12

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Нова Маала се гради повеќенаменски објект

DSC_0582_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во населеното место Нова Маала, присуствуваше на бетонирањето на повеќенаменскиот објект кој се гради во партнерство со Турската владина агенција ТИКА.

Просторот на кој се гради е лоциран веднаш наспроти џамијата. На површина од околу 410 м2 ќе бидат поставени различни  реквизити кои на граѓаните од ова населено место ќе им овозможат задоволување   на  повеќе потреби од културен, спортски и социјален карактер.

Дел од просторот е наменет за бина, а на останатиот ќе бидат поставени кошеви, лулашки, лизгалки и клацкалки.

Планирано е поставување и на четири клупи, како и четири рефлектори со што ќе се овозможи негово користење и во ноќните часови. Целиот објект ќе биде заграден со заштитна ограда.

Уредувањето просторот и изградбата на повеќенамнескиот објек е продолжуввање на успешната соработка што општина Василево ја има со ТИКА, која во изминатиот период во повеќе наврати има реализирано повеќе проекти на територијата на општинса Василево, во населените места во кои живее турско население.

DSC_0581_1024x681 DSC_0583_1024x681 DSC_0596_1024x681

DSC_0518_1024x681

DSC_0505_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ЈПКД “Турија“ ги расчистува патиштата низ населените места во општината

2

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ деновиве интензивно спроведува активности на расчистување на локалните патишта и улици  од наносите предизвикани од невремето што ја зафати општината во изминатиот период.

Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со механизација извршено е отстранување на наносите од песок и вегетација од локалните патишта во населените места Радичево и Дукатино, со што е овозможено нивно непречено користење од страна на жителите од овие насление места.

Од страна на ЈПКД „Турија“  извршено е и отстранување на наносите од земја и вегетација, главно гранки и дрвја и од локалниот пат Ангелци – Седларци, со што е оптимизирана состојбата и зголемена безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Општина Василево и ЈПКД „Турија“во зависност од потребите и барањата на граѓаните во сите населени места, во континуитет, на терен спроведуваат активности од својот делокруг на надлежности.

1 7 8 10 11

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжуваат активностите на улицата во т.н Ничевска маала, с. Василево – се поставува атмосферска канализација

DSC_0541_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес направи  увид во градежните активности на улицата во т.н Ничевска маала во с. Василево, каде продолжуваат активностите со поставување на атмосферска канализација.

Ова е всушност дел од улицата која води од црквата  Пресвета Богордица до ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево, чија вкупна должина изнесува 720 метри, а Буџетот за нејзина реализација е околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди од Владата на РСМакедонија, преку Бирото за регионален развој и околу 4,5 милиони од сопствени извори на приходи.

Дел од оваа улица, пред нешто повеќе од месец дена е комплетно завршен, односно е асфалтиран.

Изведувач  е градежната компанија Евроградба Инженеринг.

DSC_0538_1024x681 DSC_0556_1024x681

DSC_0543_1024x681 DSC_0549_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 11-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 07.07.2022 година (четврток), со почеток во 13,00 часот, во просториите на спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“, Василево,  Советот на општина Василево  ќе ја одржи редовната единаесетта седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за реконструкција на улица во с. Василево
  2. Донесување на одлука по барање за градежен материјал поднесено од Црковниот одбор „Св. Никола“ од с. Градашорци.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Започна изградбата на парк во с. Чанаклија

DSC_0454_1024x681

Денес, во населеното место Чанаклија, општина Василево во соработка  со Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, со партнерите ЛАГ Беласица – Огражден, ЈПКД „Турија“, Василево  и Гарден центар Ристови, започна со изградба на парк.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов направи увид во стартот на активностите на терен, каде ЈПКД „Турија, со механизација вршеше расчистување и подготовка на теренот како почетна фаза во изградбата на игралиштето.

Според планираните активности  ќе бидат поставени бекатонски плочки, посена трева, како и насадени повеќегодишни листопадни дрвја и џбунови. Од урбана опрема, планирано е поставување  на  клупи и корпи за отпадоци.

Вкупниот планиран Буџет за реализација на активностите изнесува околу 660 000 денари од кои околу 140 000 денари се од Програмата за развој на заедницата, околу 375  000 денари од општинската каса  и околу 130 000 денари од партнерите ЈПКД „Турија“, Василево и Граден центар Ристови..

Изградбата на овој парк е во рамките на проектот Програма за развој на заедницата кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден (Локална акциона група – Беласица-Огражден  во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија  (Rural Development Network of Nort Macedonia).

DSC_0454_1024x681 DSC_0462_1024x681 DSC_0467_1024x681 DSC_0495_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail