Author Archives: opstinaadmin

Новогодишно обраќање на градоначалникот Славе Андонов

slika NG

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод Новата 2024 година им се обрати на своите сограѓани и им посака среќна и благословена 2024 година исполнета со многу здравје, среќа и бериќет.

„Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот. Заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење. Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општина Василево, но и голема обврска довербата да се оправда. Не попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина. Очекувам и во наредната 2024 година да останеме фокусирани на нашата визија.Сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Василево.

Драги сограѓани,

Среќна Ви Нова 2024 година.

Нека бидеме благословени и исполнети со многу здравје, среќа, бериќет и успех.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишни подароци за првачињата од Даниел Василев, наш сограѓанин од дијаспората

DSC_0467_1024x681

Новогодишни пакетчиња, подарок од Даниел Василев од Василево кој работи и живее во Швајцарија, беа причина плус за денешната радост на првачињата од ООУ „Гоце Делчев“, од Василево.

Покрај пакетчињата, за потребите на учениците по спорт и физичко образование, Василев донираше и топки.

Според информацијата од наставничката Слаѓана Тимова,  ова не е негова прва донација. Новиот под во нивната училница е исто така донација од овој млад сограѓанин, за што тие и училиштето му изразуваат благодарност и му посакуваат здравје, среќа и бериќет во Новата 2024 година.

DSC_0462_1024x681 DSC_0464_1024x681 DSC_0465_1024x681 DSC_0466_1024x681 DSC_0467_1024x681 DSC_0473_1024x681 DSC_0475_1024x681 DSC_0477_1024x681

 

DSC_0478_1024x681 DSC_0479_1024x681 DSC_0480_1024x681 DSC_0481_1024x681 DSC_0483_1024x681 DSC_0484_1024x681 DSC_0487_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево започна со изградба на две улици во с. Василево

DSC_0347_1024x681

Во населеното место Василево, на две локации, започнаа подготвителните активности за изградба на две улици, последни во оваа календарска 2023 година.

На терен, увид изврши градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Должината на едната улица изнесува 130 метри, ширината околу 3 метри, односно вкупно 400 м2 асфалт. Буџетот за нејзина реализација изнесува вкупно 611 027 денари.

Другата улица е со должина од 65 метри, ширина од околу 3 м односно 200 м2 асфалт. За нејзина реализација Буџетот изнесува 276 952 денари.

Средствата за овие две улици се обезбедени од општинската каса, а нивната изградба е планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

DSC_0330_1024x681 DSC_0337_1024x681 DSC_0344_1024x681 DSC_0345_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Најдобриот полицаец од општина Василево на прием кај Градоначалникот

20231228_085231_795x768

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше домаќин на најдобриот полицаец во општина Василево, Панче Партиков, кој заедно со Претседателот на НСП ПС Струмица и ПО Ново Село, Славе Стојанов, беа гости во кабинетот на Градоначалникот.

По претходно потпишан договор со Независниот синдикат на полицијата, а на предлог на старешини во ПС и БПС Струмица, за најдобар полициски службеник на територијата на општина Василево,  прогласен е Панче Партиков, на кој општина Василево му доделува парична награда.

Честитајќи му, Градоначалникот Андонов на полицаецот Партиков, му посака  наградата да му биде дополнителен мотив за  континуитет во залагањата за уште поуспешно спроведување на неговите секојдневни обврски во насока на подобрување на безбедноста на општина Василево и неговата работа да биде стимул и за останатите негови колеги полицајци од општина Василево, кои заедно се одговорни за безбедноста на сите граѓани, како  и многу успеси на приватен и професионален план.

20231228_085231_795x768

20231228_085447_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево едногласно го донесе Буџетот за 2024 година

naslov

Советот на општина Василево на вчера одржаната Седница, последна за оваа календарска 2023 година, едногласно го усвои предложениот Буџет за 2024 година, тежок 191 316 250 денари.

Според образложението за структурата на Буџењтот, дадено од одговорниот службеник во одделението за финасии, основниот буџет изнесува 679 900 000 денари, дотациите за основното образование и градинката 111 718 000 денари, за самофинансирачките активности 11 609 500 денари од кои од донации се планирани 88 750 денари. Во расходниот дел кај основниот Буџет за капитални расходи планирани се 32 570 000 денари и за тековно оперативни расходи 35 300 000 денари. Сите овие расходи се распределени по Програми, каде се опфатени тековните трошоци  на општина Василево и капиталните трошоци.

Образложение даде и Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој како што нагласи Буџетот за 2024 година е развоен: „ Околу 32 000 000 се за капитални инвестиции, тоа всушност значи 50% од основниот Буџет е за капитални инвестиции, кое не е малку, па можам да кажам дека овој Буџет е развоен во смисла на реализација на капитални проекти а со тоа и решавање на проблемите на граѓаните; рече во образложението, Градоначалникот, притоа како поголеми планирани проекти издвојувајќи ги:  канализацијата во Василево, во Ангелци изградба на последниот крак, исплата на последниот крак од канализацијата во Пиперево кој тековно се гради, потоа улици и патишта во речиси сите населени места, реконструкција на игралиштето во Владевци и Радичево, повеќенаменско во  Висока Маала  и како помали, партерно уредување во Градашорци, детско игралиште во Пиперево, фитнес зона во Василево.„ Сметам дека со сите тие капитални проекти ќе имаме 100% реализација на мојата предизборна Програма. Сметам дека домаќински ја водам општината, Долгот опаѓа, нема населено место каде што немаме реализација барем на еден капитален проект, а идната година и повеќе од два“, нагласи градоначалникот Андонов во образложението дадено пред Советниците.

На седницата, едногласно беа усвоени и:  Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година; Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на Бодот на платите на административните службеници за 2024 година; Буџетскиот календар за 2024 година; Предлог-одлуката за утврдување на критериумите за распределба на блок дотација за основното образование за 2024 година; Предлог-одлуката за донесување на Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи  на м.в Гладно поле, КО Градашорци-вон град и КО Василево – вон град, општина Василево; Предлог-програмата за работа со областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Василево за 2024 година; Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година; Предлог-одлуката за прифаќање на донација; Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2024 година; Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈПКД „Турија“, Василево; Барањето за финансиски средства поднесено од Ванчо Георгиев од Василево; Барањето за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб К1 Арена Рашо Струмица; Барањето за финансиски средства поднесено од Маја Димитрова од Василево; Барањето за финансиски средства поднесено од Аргир Стоев  од Штука; Барањето за спонзорство поднесено од Организацискиот одбор на Католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала; Барањето за спонзорство, поднесено од Месна заедница, Пиперево, како и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2024 година, која како дополнителна точка беше вклучена во дневниот ред на оваа седница.

На седницата мнозинство добија и: Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2024 година; Предлог-одлука за отстапување на објект детска градинка „Прва радост“, клон „Златно славејче“, Моноспитово на општина Босилово и барање за надоместок за штета од елементарна непогода поднесено од Ристо Михаилов од Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишна приредба на дечињата од детската градинка во Василево

DSC_0353_1024x681

Денес, дечињата од детската градинка „Прва радост“ од Василево со специјално подготвена приредба ја испратија старата и и посака добредојде на Новата 2024 година.

Своите Новогодишни желби, на најубав начин преку песнички, ги упатија до своите најдраги и секако до најомилениот лик во овој предновогодишен период, драгиот Дедо Мраз. Со новогодишна,   од нив изработена честитка, Среќна Нова година му посакаа на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој заедно со своите соработници ја проследи новогодишна приредба.

„Многу здравје, среќни и весели празнични денови исполнети со безгрижни детски игри и убави моменти со најблиските.  Во Новата година да ви се исполнат сите желби, нека ви е среќна и весела Новата 2024 година“, им посака градоначалникот Андонов на дечињата од градинката.

DSC_0350_1024x681 DSC_0353_1024x681 DSC_0357_1024x681 DSC_0362_1024x681 DSC_0375_1024x681 DSC_0376_1024x681 DSC_0378_1024x681 DSC_0386_1024x681 DSC_0394_1024x681 DSC_0397_1024x681

DSC_0401_1024x681 DSC_0402_1024x681 DSC_0404_1024x681 DSC_0405_1024x681 DSC_0418_1024x681 DSC_0419_1024x681 DSC_0422_1024x681 DSC_0437_1024x681

 

DSC_0410_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Првачињата од Василево и Нова Маала добија пакетчиња од Градоначалникот

naslov

Новогодишни пакетчиња од Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес добија првачињата кои настава посетуваат во населените места Василево и Нова Маала.

Среќа, здравје, весели празнични денови исполнети со детски игри им посака Градоначалникот, а тие за возврат, искрено, детски му се заблагодарија со песнички.

Насмевките на нивните лица  беа најдобриот показател за  детската радост и задоволството од подароците.

Ова е  традиционален начин на кој  општината и градоначалникот им ги разубавуваат празниците на  најмалите ученици.

Во наредните денови, пакетчиња  ќе добијат и првачињата кои настава посетуваат во подрачните училишта низ населените места на општина Василево.

IMG_20231226_145132_338_576x768 IMG_20231226_145143_228_576x768 IMG_20231226_145155_797_576x768 IMG_20231226_145217_753_576x768 IMG_20231226_145234_830_576x768 IMG_20231226_145238_447_576x768 IMG_20231226_145255_631_576x768 IMG_20231226_145335_318_576x768 IMG_20231226_145345_272_576x768 IMG_20231226_145358_326_576x768 IMG_20231226_145402_046_576x768 IMG_20231226_145423_736_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишни пакетчиња за сите првачиња од општина Василево

paketcinja_1024x681

„Децата се нашата иднина и ќе направиме се за нивната среќа. Обезбедени пакетчиња за сите првачиња во нашата општина. Нема поубаво нешто од детската насмевка, од чувството дека сте ги направиле среќни макар за миг, на каков било начин. Им посакувам здравје, среќа и многу љубов во сите денови кои доаѓаат во новата година“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василевоп Славе Андонов по повод својата последна новогодишна активност поврзана со најмалите ученици од општина Василево, односно дарување новогодишни пакетчиња, која ќе се одвива во текот на овие денови.

„Во наредните денови ќе ги поделиме пакетчињата во подрачните училишта на ООУ „Атанас Нивичански“  и ООУ „Гоце Делчев“, информираше Андонов.

paketcinja_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево обезбеди средства за тампонирање на патот во месноста Орман во Ангелци

naslov

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и директорот на Центарот за развој на ЈИПР Ѓоко Камчев потпишаа Договор  за партнерство во реализација на проектот „Подобрување на постојната патна инфраструктура во руралните средини во Југоисточниот плански регион заради подобар пристап до земјоделските површини“ со кој општина Василево обезбеди средства за тампонирање на пат во населеното место Ангелци, во месноста Орман. Патот води кон земјоделското земјиште и е на излезот на с. Ангелци кон Струмица.

Должината на патот изнесува,1100 метри, ширината 3,0 метри, и ќе биде посипан со 660 м3 чакал вкупно.

Средствата во висина од 825.882   денари општина Василево ги обезбеди во партнерство со Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Санацијата на овој пат е од големо значење бидејќи подобрувањето на состојбата на полските патишта најдиректно влијае на пристапот до обрабнотливите површини и на земјоделците им го олеснува транспортот на земјоделските производи до откупните пунктови.

Со санација на овој пат  се подобрува и комуникацијата меѓу населените места од регионот.

Реализацијата на планираните активности на терен ќе биде наредната година.

FB_IMG_1703513598340_1024x683

20231225_144921_1024x576

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 33-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На ден 27.12. 2023 година (среда) со почеток во 18,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 33-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Буџет на општина Василево за 2024 година;
  2. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година;
  3. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на Бодот на платите на административните службеници за 2024 година;
  4. Буџетски календар за 2024 година;
  5. Предлог-одлука за утврдување на критериумите за распределба на блок дотација за основното образование за 2024 година;
  6. Предлог-одлука за донесување на Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи на м.в Гладно поле, КО Градашорци-вон град и КО Василево – вон град, општина Василево;
  7. Предлог-програма за работа со областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Василево за 2024 година;
  8. Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2024 година;
  9. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2024 година;
  10. Предлог-одлука за прифаќање на донација;
  11. Предлог-одлука за отстапување на објект детска градинка „Прва радост“, клон „Златно славејче“, Моноспитово на општина Босилово;
  12. Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2024 година;
  13. Давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈПКД „Турија“, Василево;
  14. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ВАнчо Георгиев од Василево;
  15. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб К1 Арена Рашо Струмица;
  16. Донесување на Одлука по барање за надоместок за штета од елементарна непогода поднесено од Ристо Михаилов од Василево;
  17. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Маја Димитрова од Василево;
  18. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Аргир Стоев од Штука;
  19. Донесување на Одлука по Барање за спонзорство поднесено од Организацискиот одбор на Католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала;
  20. Донесување на Одлука по Барање за спонзорство, поднесено од Месна заедница, Пиперево.

Дневен ред за 33-та седница

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail