Новости

Потпишани договори за два капитални проекти

DSC_0814

Изградба на мост на Сушевски порој и изградба на пешачка патека во с. Владиевци се двата нови проекти со вкупна вредност од околу 3,3 милиони денари,  за чија реализација денес општина Василево ги потпиша договорите со фирмите изведувачи. „Денес во просториите на општина Василево беа потпишани два договори за реализација на уште два капитални објекти…

Continue reading

Помош од општина Василево за настраданите од невремето

DSC_0789

Денес, на вонредна седница, Советот на општина Василево донесе одлука за доделување финансиска помош  во висина од 100 000 денари за настраданите од невремето што го погоди Скопје и околината на 06 август. „Сочувствуваме со граѓаните кои беа погодени од невремето и како општина доделувајќи ги овие финансиски  средства сакаме да ја изразиме нашата хуманост…

Continue reading

Вонредна седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Денес, 08.08.2016 година, со почеток во 14,00 часот Советот на општина Василево ќе одржи вонредна седница. Единствена точка на дневниот ред на денешната седница е: Предлог-одлука за доделување финансиски средства за солидарност од невремето што го погоди градот Скопје и околината на 06 август 2016 год. Седницата ќе се одржи во просторите на Домот на…

Continue reading

Советот на општина Василево ги усвои кварталните извештаи

DSC_0769

 На денешната, редовна 42-ра Седница на Советот на општина Василево, советниците ги усвоија сите 14 предлози од дневниот ред меѓу кои беа и Кварталните извештаи за реализацијата на Буџетот на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 31.06.2016 година. Според извештајот,  извршувањето на Буџетот на општина Василево (консолидиран) вклучително со единките корисници односно заедно со двете основни…

Continue reading

Општината потпиша договори за три нови проекти

DSC_0709

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов потпиша  договори за три нови проекти: улица во с. Седларци, улица во с.Василево за пристап до регионалниот пат Василево –  Струмица и договор за изработка на проектна документацја – основен проект за изградба на филтер станица за прочистување на вода за пиење за населените места Доброшинци, Нова…

Continue reading

Асфалтирана пристапната улица во индустриската зона Градошорци

DSC_0658

 „Денес завршуваме со реализација на уште еден капитален проект за општина Василево, проект кој е од витално значење не само за граѓаните на општина Василево  туку и за сите оние кои имаат свои градежни парцели во третата индустриска зона во Василево“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, при денешната  посета на улица 5…

Continue reading

Дневен ред за 42 Седница

DSCN5467

Во среда на 27.07.2016 година со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 42 седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2015 година. Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните…

Continue reading

Општината гради улица во Ангелци

DSC_0899

Со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој општина Василево гради улица во населеното место Ангелци.  Двеста метарската улица што од центарот на селото води кон селската црква Св. Спас  се гради со бехатонски плочи.  Ширината на улицата е 6 метри, а со шестметарскиот воден пропуст кој е дел од…

Continue reading

Општина Василево го одбележа 19-ти јули

DSC_0844

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во с. Радичево, локалната самоуправа од Василево заедно со претставници од општинските организации на борците од Струмица и Радовиш ја одбележа 75 годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина. Пред точно 75 години, во близина на местото каде е поставена спомен плочата, на средината меѓу Струмица и…

Continue reading

Стартуваше „Илинден“ 2016

igra

Синоќа, во Радичево,  започна ноќниот турнир во мал фудбал „Илинден“ 2016, кој на иницијатива на месната заедница од ова населено место и под покровителство на општина Василево се организира пета година по ред. По настапот на КУД „Илинден“  од Радичево, натпреварувачкиот дел од турнирот започна со дуел меѓу екипата на  „Митко Аграр“  од Радичево и…

Continue reading