Со свечена седница, Советот на општина Василево одбележа четврт век од оснивањето на општината

DSC_0065_1024x681

Советот на општина Василево со свечена седница го одбележа 16-ти Декември – денот на општина Василево и 25-годишнината од нејзиното формирање.

„Ние како актуелен Совет, го продолжуваме патот што го трасирале нашите колеги претходници, кои верувам водени од истата идеја, желба и заложба за развој на општина Василево, вложувале во нејзиниот развојсогласно своите можности и капацитети“, истакна во своето поздравно обраќање Ване Андонов – член во општинскиот Совет, кој во отсуство на претседателот Ристо Делијанов,  ја водеше денешната седница. Изразувајќи благодарност до сите кои се вложиле во развојот на општина Василево упати апел заедно како и досега да се продолжи во понатамошниот развој:„На овој свечен ден,  апелирам, сите заедно, сплотени,  максимално да се ангажираме,за да ја направиме нашата општина урбано уредена, комунално средена, со современа архитектура и инфраструктура  за спортски, културни и секакви други форми на живеење; општината да  ни биде  убаво место за живеење за нас и нашите идни поколенија“.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој меѓу другото рече дека општина Василево со своето постоење ја постигнала целта со тоа што во текот на изминатите години,  преку активностите во рамки на  своите надлежности  го подигнала квалитетот на животот на сите нејзини граѓани во сите населени места.

„Ако целта на секоја локална самоуправа е подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите населени места, општина Василево преку реализација на бројните  проекти од сите сфери на својата  надлежност, таа цел постојано ја остварува.  Патната инфраструктура е предизвик кој и  после 25 години постоење и развој не губи од својата актуелност. Пред нас е период во кој со сериозни проекти, кои бараат пред се сериозни финансиски средства, ќе ги решаваме проблемите со отпадните води и нивниот третман преку изградба на канализациони системи и станици за прочистување и филтрирње на водата. Спортот, културата, здравствената и социјалната заштита, исто така во рамки на нашите надлежности се постојано на нашата работна агенда. Ствараме  услови и ги унапредуваме постојните, со што работи кои до вчера биле одбележје само на урбаните општини, денес ги имаме во нашите села,и сето тоа го правиме заедно со сите граѓани “ потенцира градоначалникот Андонов, кој и во оваа свечена прилика се обврза дека и во иднина развојот на општина Василево ќе биде плански и во соработка со нејзините граѓани.  „ Пред нас се години на развој за кој не ни недостасуваат визија и идеи. Со умно планирање, вредно работење и мудро управување со сите потенцијали и ресурси како човечки така и материјални, развојот на општината е сигурен и загарантиран.

И затоа, заедно како и досега, ќе продолжиме да ја градиме, развиваме и модернизираме нашата општина Василево, ќе се грижиме и ќе ги чуваме општите добра како што се грижиме за сопствените домови и со мисла за подобро утре ќе инвестираме во  посветла иднина за сите нас нејзините граѓани“, вети на крајот од своето излагање градоначалникот Славе Андонов.

Јубилејни награди за долгогодишно работење во општина Василево беа доделени на административни службеници од општината кои со своето работење придонеле за целокупниот развој на локалната самоуправа.

На седницата присуствуваа и поранешните градоначалници, Славе Христов и Ванчо Стојанов, актуелни градоначалници од општините од регионот, пратеникот во Републичкиот парламент Дајанчо Ефтимов, како и директори на јавни претпријатија и установи основани од општината.

DSC_0043_1024x681 DSC_0006_1024x681 DSC_0012_1024x681 DSC_0015_1024x681 DSC_0018_1024x681 DSC_0020_1024x681 DSC_0025_1024x681 DSC_0028_1024x681 DSC_0035_1024x681

DSC_0076_1024x681 DSC_0058_1024x681 DSC_0060_1024x681 DSC_0069_1024x681 DSC_0072_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail