Советот на општина Василево ја одржа шестата седница

Sala na Sovet

Вчера, Советот на општина Василево ја одржа шестата редовна седница на чиј дневен ред беа  и Завршната сметка на општината за 2021 година   и Годишниот извештај за 2021 година.

Според завршната сметка, доставена од одделението за финансии, вкупниот износ на планирани и остварени приходи и расходи  во 2021 година е 78,7 % или од планирани 182 819 921 денари, реализирани се 143 981 812 денари. Салдото на сите сметки на Буџетот на општина Василево  на 31.12.2021 год.изнесува 670 386 ден.

На седницата беа разгледани и усвоени уште три предлози од областа на финансии и буџет и тоа Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година, Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година и Предлог-одлука за измена на распоредот  на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022 година. Советниците ја усвоија и предлог-програмата за животна средина на општина Василево за 2022 година, како и предлог-програмата  за измена и дополнување на програмата за спорт, рекреација и манифистации на подрачјето на општина Василево за 2022 годин и измена и дополнување на Програмата за изработка на УП за 2022 година. Советот ја усвои и предлог одлуката за вклопување на бесправните објекти – Магацин на к.п бр 190/1 и 194/3 во КО Радичево.

На дневен ред на денешната седница беа и неколку предлог-одлуки донесени од УО на ЈПКД „Турија“ Василево:  Финансискиот извештај за четвртото тромесечие за 2021 година од 01.01.2021 до 31.12.2021 усвоен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево, бр. 02-50/1 од 24.01.2022 година; Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на физичките лица бр.02-51/1 од 24.01.2022 година;  Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за пиење или водоснабдување на правните лица бр.02-52/1 од 24.01.2022 година; Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на правните лица  бр.02-54/1 од 24.01.2022 година и  Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево  за утврдување на тарифата за водата за собирање и одведување на урбани отпадни води на физички лица  бр.02-53/1 од 24.01.2022 година.

На дневен ред на Седницата беа и два предлози од УО на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за именување членови во УО на градинката, и тоа Гонца  Гоџирова како предлог на Министерството за труд и социјална политика и Љубинка Делева, предлог од Советот на родители.

Советниците дадоа согласност и за поднесените барања за финансиска поддршка поднесени од неколку физички и правни лица.

Усвоени беа и двете точки кои како дополнителни беа ставени на дневен ред на самата седница: Предлог-одлуката за утврдување на висината на комуналните такси и Барањето за градежни матееријали за улица во с. Висока Маала, поднесено од група граѓани од ова населено место.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail