Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со координаторот на ТИКА Халим Омер Согут

DSC_0445_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и координаторот на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) Халим Омер Согут, заеднички направија посета на населените места Висока Маала и Новаа Маала, по што имаа работен состанок во кабинетот на градоначалникот Андонов.

Во фокусот на посетата на населеното место Висока Маала, беше новото училиште во ова населено место, изградено пред околу шест години со средства од ТИКА, а во кое наставата почна да се одвива оваа година како резултат на напорите на градоначалникот Андонов, кој успеа да ги убеди родителите, да им дозволат на своите деца настава да посетуваат во овој објект.

Во населеното место Нова Маала, цел на посетата беше просторот во близина на џамијата, за кој постои заедничка идеја за негово уредување во мултифункционално катче во функција на граѓаните од ова населено место.

Средбата продолжи во кабинетиот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, каде е разговарано за идната соработка, од која треба да произлезат конкретни проекти кои во основа ќе значат подобрување на условиоте за живот во населените места во општина Василево во кои живее турско население.

Општина Васиево и ТИКА имаат долгогодишна плодна соработка, која во интерес на  граѓаните ќе продолжи и во иднина.

DSC_0391_1024x681 DSC_0396_1024x681 DSC_0405_1024x681 DSC_0413_1024x681 DSC_0416_1024x681 DSC_0425_1024x681 DSC_0427_1024x681 DSC_0432_1024x681 DSC_0434_1024x681 DSC_0448_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail