Продолжува изградбата на улиците во Градашорци и Василево

1

„Изградбата на улиците во населените места Василево и Градашорци, напредува“, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов  по денешната обиколка на улиците во изградба.

Тековно се гради на две локации во населеното  место Василево и тоа улицата која води покрај каналот, чија должина е 420 метри и истата започнува од спојот  со постоечка улица во центарот на Василево, и завршува јужно од Василево, кај  индустриската зона кон Добрејци и Струмица. Другата улица во изградба во Василево е улицата од црквата  Пресвета Богородица  до  ООУ „Гоце Делчев“ односно спојот со главната улица кај училиштето црквата во должина од 720 метри.

Во населеното место Градашорци, пак се гради улицата која води од Домот на културата кон индустриската зона во должина од 432 метри.

Срредствата за овие капитални проекти, односно за улицата во Градашорци и улицата покрај каналот во Василево,  во вкупен износ од околу 5 800 000 денари, општината ги има обезбедено преку Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, додека за улицата во Василево од црквата до училиштето, 2 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и околу 6,5 милиони се сопствени средства на општина Василево.

2 3 4

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail