Пролетно чистење на улиците

DSC_0521_1024x681

ЈПКД „Турија“,Василево започна со пролетно чистење на улиците. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес изврши увид во текот на активностите кои се одвиваа на главната, влезна, улица во населеното место Василево, каде екипа на комуналното претпријатие работеше на отстранување на наталожената земја и другиот отпаден материјал покрај коловознатат лента и тротоарот.

„Во договор сме со директорката на ЈПКД „Турија“, оваа активност да се спроведе и во останатите население места во кои улиците се со тротоари  што значи во наредните денови истата активност ќе се спроведе и на главните улици во селата Градшорци и Пиперево. Од улиците и тротоарите и просторот покрај  нив ќе биде отстранет целокупниот наносен материјал, главно земја и песок наталожени во текот на зимскиот период и истиот ќе биде однесен на депонијата“,  информираше градоначалникот на општина Василево во врска со пролетното чистење на  улиците и тротоарите во општина Василево.

Андонов најави и  дека во наредниот период во координација со ЈПКД „Турија“, ќе следуваат и други активности од комуналната сфера.

DSC_0510_1024x681

DSC_0522_1024x681

DSC_0512_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail