Пролетно чистење во Пиперево

5

ЈПКД „Турија“,  Василево, денес  во населеното место Пиперево, го чистеше игралиштето во центарот на селото и просторот околу него. „Како што веќе најавивме, комуналното претпријатие во соработка со општината спроведува акција на пролетно чистење низ населените места. Денес екипи на ЈПКД „Турија“ го чистеа просторот во и околу игралиштето во с. Пиперево, по што активноста продолжува и на просторот на  главната улица и тротоарот“,  информираше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за тековната комунална активност на пролетно чистење

Како што е планирано, тротоарите и просторот покрај нив се ослободуваат од тревите и земјата која се наталожила во изминатиот период, а паралелно се собира и расфрланиот комунален отпад.

Активноста на пролетно чистење  ќе продолжи и во наредните денови.

1 2 3 411

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail