Со еколошка акција општина Василево го одбележа доаѓањето на пролетта

DSC_0656_1024x681

Денес, по повод почетокот на пролетта, локалната самоуправа Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, општинските основни училишта и детската градинка реализираше голема еколошка акција во која на повеќе локации се засадени околу 300 млади садници на елка и црн бор, обезбедени од страна на општина Василево. Со акцијата се опфатени повеќе локации во повеќе населени места и тоа: во дворот на локалната самоуправа, во паркот на влезот од с. Василево, во паркот пред ЈПКД „Турија“, Методиј Митев, во паркот  во с. Градашорци, на просторот покрај игралиштето во с. Пиперево, во двете основни општински училишта, во училишниот двор во с. Радичево и во дворот на детската градинка „Прва радост“, во Василево. Паралелно со ова спроведена е и акција на чистење на отпадот од споменатите локации.

„Првиот пролетен ден одсекогаш е асоцијација за будење на природата и активности посветени на екологијата и заштитата на животната средина. Денес,  општинската администрација заедно со вработените од ЈПКД „Турија“, Василево, вработените и учениците во училиштата, како и вработените и дечињата од детската градинка, заеднички спроведовме еколошка акција во која на повеќе локации во повеќе населени места садевме млади садници и го собиравме комуналниот отпад“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод денешната еколошка акција во која активно учествуваше. „Генерално, грижата за животната средина и околината постојано е во фокусот на моите активности како градоначалник. Буквално од првиот ден сум на терен и заедно со комуналното препријатие се бориме со дивите депонии и  го расчистуваме отпадот. Денешната акција е мал влог во нашата иднина и позитивен пример кој се надевам ќе го следат и останатите мои сограѓани. Грижата кон природата мора да биде секојдневна, а нашиот однос кон околината пријателски, бидејќи наша цивилизациска обврска е да ја зачуваме за идните поколенија“, нагласи градоначалникот Андонов.

DSC_0535_1024x681 DSC_0542_1024x681 DSC_0548_1024x681 DSC_0554_1024x681 DSC_0558_1024x681 DSC_0565_1024x681 DSC_0569_1024x681 DSC_0573_1024x681 DSC_0575_1024x681 DSC_0579_1024x681 DSC_0589_1024x681 DSC_0597_1024x681 DSC_0598_1024x681 DSC_0609_1024x681 DSC_0618_1024x681 DSC_0624_1024x681 DSC_0628_1024x681 DSC_0634_1024x681 DSC_0636_1024x681 DSC_0641_1024x681 DSC_0643_1024x681 DSC_0662_1024x681 DSC_0675_1024x681 DSC_0682_1024x681 DSC_0689_1024x681 DSC_0698_1024x681 DSC_0699_1024x681 DSC_0713_1024x681 DSC_0717_1024x681 DSC_0722_1024x681 DSC_0724_1024x681 DSC_0733_1024x681 DSC_0738_1024x681 DSC_0753_1024x681 DSC_0760_1024x681 DSC_0763_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail