Градоначалникот Андонов потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

DSC_0792_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во рамки на Националната платформа за женско претприемништво ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, како придонес во развојот но  и поддршка на женското претприемништво на национално и пред се на локално ниво. Декларацијата му беше доставена од координаторката на Националната платформа за женско претприемништво за Југоисточниот плански регион, Ксенија Вангелова.

„Препознавајќи го женското претприемништво како сила која продонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво“, стои меѓу другото во Декларацијата што денес ја потпиша градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Ставот на градоначалникот Андонов е дека согласно своите можности и во рамки на законските овластувања ќе се залага за создавање на поволно деловно опкружување и соодветна поддршка за развој на претприемничкиот потенцијал на жените; ќе биде партнер во креирањето на реформскиот процес преку поттикнување на поголемо учество на жените во процесот на одлучување, како и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво и формирањето на локални клубови за женско претприемништво. Заложба на градоначалникот Андонов ќе биде и промовирањето на позитивни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, со што ќе се придонесе и за поголема видливост на платформата и активно ќе се промовира родовата активност.

DSC_0797_1024x681

DSC_0795_1024x681

DSC_0790_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail