Советот на општина Василево ја одржа седмата седница

naslov

Денес Советот на општина Василево ја одржа седмата седница, на чиј дневен ред по дополнувањето беа вкупно 24 предлози и сите беа едногласно усвоени.

На предлог на УО на ЈПКД  „Турија“, Василево, советниците ги усвоија Годишната сметка на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2021 год. бр. 02-154/3 од 23.02.2022 година и Одлуката за распоредување на добивката  остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2021 година бр. 02-159/1 од 24.02.2022 година. За третатат точка од дневниот ред,  Предлог-правилник за субвенционирање на домаќинствата во општина Василево за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, образложение даде градоначалникот Славе Андонов, кој меѓу другото рече дека овој проект е едно од неговите предизборни ветувања чија цел е  намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Дискусија предизвика и предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Василево и општина Ново Село, која како што беше образложено се однесува на вршење работи од областа на располагање односно продажба на државно градежно земјиште во овие две општини. Со усвојување на предлог-одлуката за збратимување на општина Василево и општина Понтенуре од Република Италија, општина Василево официјално започна постапка за  збратимување со оваа италјанска општина во која како што беше образложено на самата седница, живеат голем број наши сограѓани.

На седницата едногласно беа усвоени и Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во општина Василево; Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2022 година; Оперативниот план за заштита и одбрана од поплави за загрозени подрачја на територијата во надлежност на АД „Водостопанство“ на РМ-Скопје, подружница „Струмичко поле“, Струмица за 2022 година; План за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2022-2025); Програмата за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2022 година; Завршните сметки за 2021 година  на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала; Завршната сметка за 2021 година на детската градинка „Прва радост“, Василево и Годишниот план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2022 година.

Усвоена беше и Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година. Промените се однесуваат висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште што граѓаните го плаќаат при постапките за градење.

На седницата позитивен одговор добија и Барањата за финансиска помош доставени до Советот од правни и физички лица.

DSC_0810_1024x681 DSC_0811_1024x681 DSC_0812_1024x681 DSC_0815_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail