Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април

14

Активностите на расчистување и отстранување на сметотот од населените места кои општина Васаилево во соработка со ЈПКД „Турија“; василево ги стартуваше со подобрувањето на временските услови пред почетокот на пролетта, во континуитет продолжуваат и о месец април. Според информацијата споделена од градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, преку социјалната мрежа ФБ,  www.facebook.com/vasilevo24, екипите на ЈПКД „Турија“, Васлево работеле на расчистување на наносите од земја во центарот на населеното место Пиперево и улицата која води кон црквата. Во населеното место Владевци расчистена е дивата депонија а  со механизација извршено е порамнување на полскиот пат негово оспособување во пресрет на засилините земјоделски активности.

Во населеното место Василево активноста е спроведена на  влезот од кај индустрискта зона односно просторот  покрај индустриските објекти од каде е отстранет комуналниот  отпад и диво израстената вегетација. Со активноста опфатен е и влезот на населеното место Добрашинци.

Со апел до граѓаните да се однесуваат поодговорно и отпадот да го депонираат на местата одредени за тоа, градоначалникот Андонов најавува дека општиата и комуналното претпријатие, посветено,  продолжуваат со еколошките активности и во останатите населени места.

4 8 12 15 16 18

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail