Фолкорен концерт во Сушево

фолклорен фестивал. Сушево

На 25.04.2022 година, на вториот ден од големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, под покровителство на општина Василево,  КУД „Сушевски бисери“ од с.Сушево, организира фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.

Во ритамот на македонската фолклорна музика ќе бидат изведени ора кои го отсликуваат животот на македонската нација низ вековите.

Како гости на концертот со своите изведби ќе настапат и:  ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ  „Боро Џони“, Струмица.,

Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 15,00 часот.

фолклорен фестивал. Сушево

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail